Јапонскиот бренд објави видео во кое прикажува како ќе го замени комплицираниот со поедноставен дизајн на ентериерите на своите идни возила.
Новата дизајнерска филозофија наречена „едноставност и нешто“ е базирана на класичните дизајни на првите возила на Honda. Главниот фокус е насочен кон намалување на комплекноста на распоредот на ентериерот, што ќе создаде подобро возачко искуство. Уште еден клучен елемент на овој пристап е зголемувањето на просторот во кабината, со намалувањето на просторот потребен за механичките и електронските компоненти.
Една работа која ќе остане непроменета споредено со актуелниот дизајн на ентериерот се тенките столбови, ниската линија на прегледност и големите стаклени површини. Ова создава пространо чувство во кабината, како и одлична видливост со чист поглед кон патот и надворешната средина.
Делот „нешто“ од филозофијата се однесува на желбата на Honda да создаде ентериери кои се емоционално поврзани со нивните сопственици. Ова ќе биде изразено преку одредени дизајнерски детали кои ќе бидат специфични за секој модел.