Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку минути објави дека цената на 95-октанскиот бензин ќе се намали и дека цените на 98-октанскиот бензин и дизелот ќе останат исти.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.38%.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за половина денар и еден литар 95-октански бензин ќе чини 67.00 денари.
Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата не се менуваат. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 69.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 58.50 денари.
Старо-новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.