Протекоа првите фотографии од новиот електричен Audi A6 e-tron – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Протекоа првите фотографии од новиот електричен Audi A6 e-tron

На помалку од една седмица пред неговата светска премиера, се појавија првите фотографии од новиот електричен Audi A6 e-tron.

Иако не се објавени официјални информации, од фотографиите може да се види дека најверојатно се работи за концепт кој ќе го најави изгледот на серискиот модел.

Новиот A6 e-tron се одликува со Sportback профил, или поточно тип на каросерија со долг преден поклопец и долга заоблена линија на кровот, која завршува со краток заден дел и изразен спојлер. Тоа истовремено значи и багажник кој се отвора заедно со задното стакло.

Новитетите кај моделот започнуваат од предниот дел. Тука се забележува нова затворена маска во боја на каросеријата со украсна текстура, поставена над темна основа во која се интегрирани отворите за воздух. Над нив се наоѓаат нови и тенки светлосни групи.

Над страничните прагови е додадена украсна црна контура која визуелно продолжува во задниот браник, каде се сместени катадиоптрите. Помеѓу нив е позициониран голем дифузер со канали за насочување на воздухот.

Највпечатлив елемент на задниот дел се задните светла во форма на светлечка лента, во чија средина се наоѓа светлечко Audi лого кое исто така е црвена боја.

Сега за сега, ова е сè што знаеме за моделот. За повеќе фотографии и информации ја очекуваме светската премиера која ќе се одржи на автомобилскиот саем во Шангај, кој започнува на 19-ти Април.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.