Претседателот на Италијанскиот егзотичен бренд – Џон Елкан – изјави дека првиот целосно електричен модел на компанијата ќе биде лансиран во 2025 година.
„Автомобилот ќе биде точно тоа што сонувате дека инженерите и дизајнерите во Маранело можат да го замислат за таков важен момент во нашата историја“, изјави Елкан.
Кога ќе се земе предвид дека си повеќе автомобилски производители – вклучувајќи го и Porsche – се припојуваат кон целосно електричниот погон, а исто така и европските влади ги заоструваат критериумите за моторите со внатрешно согорување, ваков потег се чини дека е неизбежен.
Сепак, изгледа како Елкан да го гледа овој момент како нова можност, а не како обврска. „Нашата интерпретација и примена на овие технологии во мотоспортот и сериските автомобили е огромна можност за ја пренесеме уникатноста и страста на Ferrari кон новите генерации“, вели тој.
Овие вести се исто така важни бидејќи Ferrari не се брзаше да создаде електричен модел во минатото. Иако произведе неколку plug-in хибриди, нивниот комерцијален шеф – Енрико Галиера – не беше восхитен од електричната технологија.
Џон Елкан исто така изјави дека веруваат дека технологијата на батерии сè уште не е доволно развиена за да ги задоволи потребите на еден суперавтомобил, но дека за 4 години ќе биде.