Peugeot 208 е најпродаван автомобил во Февруари 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 208 е најпродаван автомобил во Февруари 2021 во Европа

Францускиот бренд се искачи на врвот на листата на Jato за најпродавани автомобили со дури два модели во вториот месец од оваа година во Европа.

Очигледно е дека купувачите на стариот континент го ценат иновативнииот дизајн на новите модели на Peugeot и во најголем процент се одлучуваат за нив кога имаат потреба од ново возило.

Иако забележува намалување на продажбата од 12% во споредба со истиот месец од минатата година, првото место го освои популарниот градски автомобил Peugeot 208, со продадени вкупно 12,375 примероци.

На втората позиција го имаме неговиот кросоверски „брат“ Peugeot 2008, кој забележува зголемување на продажбата за 51% во споредба со претходниот Фебруари и продадени 17,120 возила.

На третото место се најде популарниот Volkswagen Golf, продаден во 16,185 примероци, што е намалување од 34% од минатата година. Иако регистрира зголемување на продажбата за 7%, победникот од минатиот месец Toyota Yaris падна на четвртото место со 15,467 продажби.

Најпродаваниот модел од А-сегментот Fiat Panda успеа да се приграби само до петтата позиција, откако беше продаден во 15,400 примероци, по намалување на продажбата од 13%.

Најпродаваниот автомобил во минатата година Renault Clio заврши на шестата позиција со вкупно 15,349 продадени возила, што е за 38% помалку од ланскиот месец Фебруари.

Извор на сликитe: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.