По единаесетти пат во последните 12 години, Audi прв го дофати шаховското знаме на познатата трка во издржливост 24 часа Ле Ман, со R18 e-tron quattro.
Победата на Audi на кружната патека Sarthe беше од посебно значење, бидејќи до триумфот дојдоа со хибридниот дизел модел R18. Во претходната 2011-та година, Германскиот бренд го зема првото место со дизел автомобил. Осумдесеттото издание на најпрестижната трка во издржливост, го одбележи тотална доминација на Audi, бидејќи возачите на оваа екипа го пополнија цел подиум. Тие завршија на прво, второ, трето и петто место.
По откажувањето на Peugeot од 24 часа Ле Ман, за главен конкурент на Audi се сметаше тимот на Toyota, но ниту една од двете нејзини екипи не успеа да стигне до целта.