Надзорниот одбор на Porsche AG одлучи да го зголеми уделот на германскиот бренд во Rimac Automobili од 15 на 24%.
Со ова зголемување, Porsche ги потврдува интересот и посветеноста кон електромобилноста. Дополнително, со ова ја зацврстува позицијата на втор по големина сопственик во Rimac Automobili, по Мате Римац.
Porsche за прв пат инвестираше во Rimac Automobili во 2018 и го зголеми својот удел на 15% во Септември 2019. Ова најново зголемување на учеството во Rimac Automobili ќе го чини Porsche 70 милиони Евра, а Porsche ќе биде сопственик на вкупно 24% од акциите.
„Мате Римац и неговиот тим се значајни партнери, особено кога станува збор за поддршка за развој на компоненти. Rimac e на пат да стане добавувач од прв ред за Porsche, но и за други производители. Porschе веќе ја направи пнарачката за развој на иновативни компоненти од Rimac Automobili.“ – изјави Lutz Meschke, еден од членовите на одборот на Porsche AG.
Мате Римац дополни – „Porsche е голем поддржувач на нашата компанија уште од 2018, и секогаш било привилегија еден од најиконските спортски брендови на светот да е дел од Rimac Automobili. Работиме заедно на возбудливи нови продукти.“