Конечно го имаме финалниот Ф1 календар за оваа сезона – ќе се возат дури 23 трки!
Првиот нацрт на календарот за Ф1 2021 година беше објавен од Формула 1 на 10-ти Ноември минатата година. Тоа следеше по силно-нарушената сезона 2020 година во која многу трки беа откажани или одложени поради глобалната пандемија. Ковид-19 продолжи да ја принудува Ф1 да го прилагоди својот распоред, а првите промени беа најавени во Јануари оваа година.
Трките во Австралија – каде требаше да се одржи отворањето на сезоната – и Кина беа одложени. Додека Австралија доби нов датум во Ноември, со промени на други трки во исто време, кинеската трка не беше веднаш презакажана.
Дополнителна трка на Имола во Италија беше најавена да го заземе местото на Кина во раната сезона. Оригиналниот календар вклучуваше и трка на неодредено место, што останува да се потврди, a дополните се состојат од Алгарве и Имола.
На 73-тото возење на светскиот шампионат ќе се додаде и нова трка во Саудиска Арабија на улиците на Џеда. Големата награда на Холандија, која требаше да се врати во Зандворт во 2020 година, беше потврдена за датум во Септември. Сепак, другите нови трки кои требаше да се одржат во Мајами, САД и Ханој, Виетнам не беа потврдени.
Датуми за тестирање
Предсезонското тестирање е намалено од шест дена на три за шампионатот во 2021 година. Единствен тридневен тест ќе се одржи на меѓународната патека во Бахреин од 12 до 14 Mарт.
Кои нови трки ќе бидат на календарот?
Мајами се надеваше дека ќе се приклучи на календарот на Ф1 во 2021 година. Формула 1 потврди дека ќе се одржи нова ноќна трка на улиците на Џеда и првата ГП на Саудиска Арабија ќе се одржи на 5 Декември. Во октомври 2019 година Ф1 објави „принципиелен договор“ за одржување трка на ново коло на стадионот Хард Рок во Мајами. Имаше намера да ја одржи трката во мај, но повеќе детали не се потврдени. Големата награда на Виетнам – која требаше да се одржи за прв пат во 2020 година, но беше откажана поради пандемијата – нема да се одржи ниту во 2021.
Рунда | Гран При | Патека | Дата |
1 | Големата награда на Бахреин | Bahrain International Circuit | недела, 28 март 2021 |
2 | Дополнително ќе се објави името | Imola | недела, 18 април 2021 |
3 | Дополнително ќе се објави името | Algarve | недела, 02 мај 2021 |
4 | Големата награда на Шпанија | Circuit de Catalunya | недела, 09 мај 2021 |
5 | Големата награда на Монако | Monaco | недела, 23 мај 2021 |
6 | Големата награда на Азербеџан | Baku City Circuit | недела, 06 јуни 2021 |
7 | Големата награда на Канада | Circuit Gilles Villeneuve | недела, 13 јуни 2021 |
8 | Големата награда на Франција | Paul Ricard | недела, 27 јуни 2021 |
9 | Големата награда на Австрија | Red Bull Ring | недела, 04 јули 2021 |
10 | Големата награда на Британија | Silverstone | недела, 18 јули 2021 |
11 | Големата награда на Унгарија | Hungaroring | недела, 01 август 2021 |
12 | Големата награда на Белгија | Spa-Francorchamps | недела, 29 август 2021 |
13 | Големата награда на Холандија | Zandvoort | недела, 05 септември 2021 |
14 | Големата награда на Италија | Monza | недела, 12 септември 2021 |
15 | Големата награда на Русија | Sochi Autodrom | недела, 26 септември 2021 |
16 | Големата награда на Сингапур | Singapore | недела, 03 октомври 2021 |
17 | Големата награда на Јапонија | Suzuka | недела, 10 октомври 2021 |
18 | Големата награда на САД | Circuit of the Americas | недела, 24 октомври 2021 |
19 | Големата награда на Мексико Сити | Autodromo Hermanos Rodriguez | недела, 31 октомври 2021 |
20 | Големата награда на Сао Паоло | Interlagos | недела, 07 ноември 2021 |
21 | Големата награда на Австралија | Albert Park | недела, 21 ноември 2021 |
22 | Големата награда на Саудиска Арабија | Jeddah Street Circuit | недела, 05 декември 2021 |
23 | Големата награда на Абу Даби | Yas Marina | недела, 12 декември 2021 |
Автор: Дејан Маликовски