По вчерашното пристигнување на Tipo Cross, денес во салонот на Fiat пристигна и освежениот Tipo Sedan.
Tipo Sedan ги добива истите освежувања како и другите модели во гамата – а тоа значи дискретно затегнат дизајн, нови LED предни светла, но и освежена кабина со нови технологии како и нов 1-литарски турбо-бензинец.
Предниот дел ја носи новата FIAT значка, а добива и редизајнирани браници и нови предни светла. Слични се промените и на задниот дел – редизајниран браник и нови LED светла со освежена графика.
Кабината добива нов, малку помал управувач, нови дигитални инструменти пред возачот, како и нов UConnect мултимедијален уред. Промените во кабината вклучуваат и нови некои нови материјали во ентериерот како и редизајнирани седишта.
Како и другите верзии на Tipo, и седанската изведба го добива новиот 1-литарски турбо-бензинец со 100 коњски сили, а во понудата остануваат веќе-познатиот 1.4-литарски атмосферец со 95 коњски сили, како и 1.3 и 1.6-литарските Multijet турбодизел погонски единици со 95, односно 120 коњски сили.
Цените (со пресметан промотивен попуст од 2000 Евра) започнуваат од 11.490 Евра за Tipo Sedan со 1.4-литарскиот атмосферец и основно ниво на опрема, додека врвно-опремениот Tipo City Life со 1-литарскиот турбо-бензинец чини 15.900 Евра. Дизелите чинат 13.700, односно 15.000 Евра.
Освежениот Tipo Sedan е веќе достапен и може да се погледне во салонот на Fiat.