Новиот бренд Cupra планира да додаде уште еден помал модел во својата гама до 2025 година.
Најавено е дека автомобилот ќе биде позициониран под електричниот хечбек el-Born, што значи дека ќе биде слична големина со Volkswagen Polo. Според извршниот директор на Cupra – Вејн Грифитс, возилото ќе ја претстави иднината на автомобилската индустрија во Шпанија.
Cupra работеше на дизајнот на основниот електричен модел и најверојатно ќе го претстави во концептна верзија оваа година. Моделот ќе биде базиран на MEB-Lite платформата, која Volkswagen ја разви за нивните помали ID модели. Се очекува батеријата на моделот на Cupra да не биде поголема од 45 киловат-часа.
Производителот вложува напори со Шпанската влада за инвестирање и подобрување електричната мрежа за полнење во земјата.