Премиера: Audi SQ5 TDI – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Audi SQ5 TDI

Аudi реши да го прифати предизвикот на BMW да презентира спортски модели со дизел мотори и го претстави SQ5 TDI, кој е првиот S модел на овој Германски бренд со дизел мотор.

Овој нов спортски модел на неодамна освежениот Q5 носи 3.0-литарски V6 дизел со два турбополначи, кој призведува 308 КС и 650 Nm вртежен момент помеѓу 1,450 и 2,800 вртежи во минута. За трансмисијата е задолжен осум-степен секвенцијален менувач, а пак постојаниот погон на сите тркала го овозможува префрлувањето на силата врз подлогата.

Аudi тврди дека SQ5 TDI забрзува од место до 100 км/ч за 5.1 секунда и достигнува максимална брзина од 250 км/ч, додека забележува потрошувачка од 7.2 литри на 100 км. Подобрувањата на шасијата се содржат од надградено електро-механичко управување и спортска суспензија која го снижува автомобилот за 30 милиметри. Овој модел вози на 20-инчни алуминиумски бандажи опремени со спортски гуми со високи перформанси во профил 255/45.

За да се истакне од другите модели, Audi го опреми SQ5 TDI со нов стајлинг пакет кој вклучува платинум сива рамка на маската со алуминиумски решетки, кровен спојлер, ретровизори и изменети браници. Внатрешноста располага со спортски прилагодливи електрични седишта во бела Nappa кожа и алкантара, елементи од алуминиум, сива километража, нов поспортски волан и рачка на менувачот.

Новиот SQ5 TDI ќе се појави во Европските претставнишва на Audi во првата четвртина од 2013 со почетна цена од 58,500 евра.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.