Утринска Гимнастика: Koenigsegg Regera танцува валцер на снежна бина – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Koenigsegg Regera танцува валцер на снежна бина

По повод денот на вљубените, Koenigsegg објави видео во кое моделот Regera танцува со пролизгување на писта покриена со снег.

Хиперавтомобилот е погонуван од 5.0-литарски твин-турбо V8 агрегат, кој испорачува 1,100 кс при 7,800 вртежи и 1,280 Nm вртежен момент при 4,100 вртежи во минута.

Покрај тоа тука се и три електрични мотори, од кои еден е инсталиран над брегастата осовина, а другите два на задните тркала, со цел да обезбедат дополнителна сила.

Како резултат на тоа Koenigsegg Regera располага со вкупно 1,500 кс и 2,000 Nm вртежен момент, a цената за целата оваа технологија изнесува околу 2 милиони евра.

Иако овие бројки даваат впечаток дека хиперавтомобилот е многу тежок за управување, сепак во ова видео Koenigsegg прикажува дека во рацете на искусен возач моделот може да „игра“ виенски валцер.

Погледнете го видеото и уживајте!

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.