Audi ја освежува понудата за најмалиот во своите редови, A1. Сега малиот A1 доби нова специјална верзија.
Се работи за Amplified верзијата која е достапна кај изведбата со три врати како и кај A1-Sportback изведбата.
Amplified верзијата е базирана на Ambition нивото на опрема на Audi A1, со што само се зголемува опремата во секое од Amplified изданијата. Така во зависност од додатната опрема новата верзија на A1 е поделена на три нивоа: Amplified, Amplified Plus и Amplified Advanced. Првите две верзии се достапни за сите мотори на A1, додека Amplified Advanced е достапна само кај моторите над 120 КС, додела ограничување постои и кај изборот на боите. Во понудата на Amplified изданието се Red и Glacier White боите.
Пакетот Amplified кој чини 1.990 евра, нуди нови “high-gloss” црни детали на екстериерот (покривот, поклопците на ретровизорите, предната решетка), спортските налепници, заден спортски S-Line спојлер, 17-инчни алуминиумски бандажи со црни детали. Во внатрешноста новитет се новите црните спортски седишта шиени со специјалните Red или Rock Gray конци.
Amplified Plus чини 3,990 евра и аеродинамичен боди кит, LED задни светла, “high-gloss” црн заден дифузер, изменета внатрешност која одговара со избраната боја како и внатрешно LED осветлување.
Највисокиот пакет, Amplified Advanced чини 6,990 евра! Аеро боди-китот е во “high-gloss” црна боја, S-Line задниот спојлер е заменет со нов поголем и поспортски, а алуминиумските бандажи сега се 18-инчи. Исто така во Amplified Advanced влегуваат и предните ксенон светла, затемнетите задни стакла, и новите S-Line спортски седишта кои се со Nappa кожа.