Bentley ќе произведе – и веќе продаде – само 12 примероци од супер-лимитираниот Bacalar, а секој од нив чини околу 1.5 милиони Фунти!
Bacalar дебитираше во Март и требаше својата премиера да ја има на саемот на автомобили во Женева, а сега Bentley го прикажа развојниот прототип кој се користи за финално тестирање и прилагодување на луксузниот кабриолет, пред да ги направи 12-те примероци следната година.
Луксузниот – и лимитиран – Bacalar е изграден врз основата на Continental GT, но не дели ниту еден каросериски панел со големото луксузно купе. Всушност, само рачките од вратите се пренесени, а сè друго е уникатно. Од Bentley кажуваат дека дури 750 различни компоненти се развиени „од нула“, а околу 100 се добиваат со напреден процес на 3Д-печатење.
Paul Williams, кој е на чело на Mulliner дивизијата во Bentley, изјави – „Bacalar Car Zero е круцијален прототип кој го користиме за да ги финализираме дизајнот, инженерингот и рачната изработка на овој важен дел од иднината на Bentley Mulliner“. Интересно, тестирањата веќе покажуваат дека луксузниот кабриолет може да постигне повеќе од 322 километри на час, а Bacalar ќе биде рафиниран како и секое друго Bentley.