Обединетото Кралство објави дека продажбата на возила со конвенционални мотори со внатрешно согорување ќе биде забрането од 2030, но и дека ќе направи огромни инвестции во подобрување на инфраструктурата потребна за возила на електрична енергија.
Одлуката на владата на Борис Џонсон е дел од план во 10 точки, кој е насочен кон „зелена индустриска револуција“ која има цел да ја да се бори со климатските промени.
Возилата со конвенционални мотори на внатрешно согорување нема да може да е продаваат по 2030. Возила со хибриден погон и понатаму ќе се продаваат, но според најавеното ќе мораат да можат да поминат „значителен број на километри“ на електрична енергија. Хибридите ќе можат да се продаваат уште пет години.
Сепак, владата на Обединетото Кралство објави дека ќе инвестира 4 милијарди Фунти (околу 4.4 милијарди Евра) во ифраструктурата за полнење на електрични возила и производство на батерии, а ќе обезбеди и повеќе од 580 милиони Фунти (околу 650 милиони Евра) за субвенционирање на купувањето на електрични и водородни возила.