Mercedes-AMG GT Black Series е најбрзиот сериски автомобил на Нирбургринг! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG GT Black Series е најбрзиот сериски автомобил на Нирбургринг!

Најновата и најсилна изведба на моделот AMG GT заврти еден круг на „Зелениот Пекол“ за само 6 минути и 48.047 секунди – со што стана најбрзиот сериски автомобил на патеката.

Времето на најбрзиот круг било официјално измерено и сертифицирано, со што е запишано како официјален рекорд на Нирбургринг. Суперавтомобилот Mercedes-AMG GT Black Series ја поминал целосната должина на еден круг од патеката за 6 минути и 48.047 секунди, додека времето без последниот правец изнесувало 6 минути и 43.616 секунди.

Позади воланот на суперавтомобилот се наоѓал тркачкиот возач од GT3 дивизијата на Mercedes – Маро Енгел. Според него, временските услови не биле идеални бидејќи температурите на патеката биле ниски, а на некои делови асфалтот бил делумно влажен, со што навестува дека Mercedes-AMG GT Black Series е способен да постави уште побрзо време доколку дозволат условите.

Второ-споменатото време е запишано со цел да може да се спореди со претходните сопственици на рекордот, бидејќи тие времиња биле поставени без последниот правец од 232 метри.

Благодарение на тоа, може да се заклучи дека GT Black Series е за 1.3 секунди побрз од Lamborghini Aventador SVJ, кој беше сериски „господар“ на Нирбургринг, се до сега.

Моделот Mercedes-AMG GT Black Series е погонуван од 4.0-литарски твин-турбо V8 агрегат кој произведува 720 кс и ги испорачува кон задните тркала. Иако не е најсилниот автомобил кој ја „нападнал“ патеката Нирбургринг, неговата аеродинамика и шасиска динамика биле клучни за поставување на најбрзиот круг.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.