Во салонот на Kia Motors Macedonia веќе може да се види освежениот Kia Rio. Надградениот модел се карактеризира со низа подобрувања за повторно зајакнување на позицијата на автомобилот во рамките на Б-сегментот, каде конкуренцијата е навистина остра.
Rio ќе биде понуден во три нови нивоа на опреми кои ќе се комбинираат со два бензински мотори. Првото ниво е Base, па следуваат изведбите Reference 1 и 2. Нивото Base се комбинира исклучиво со новиот 1.2 литарски бензински мотор со петстепен мануелен менувач и 84 коњски сили, додека во повисоките опреми е вклучен и 1-литарскиот T-GDI турбо-бензинец со 100 коњски сили кој има можност да се добие со шест-степен мануелен или седум-степен автоматски менувач. Дополнителна новина околу погоните е и блегиот-хибрид, кој доаѓа со 1.0 литарски мотор со моќност од 120 коњски сили.
Нивото Base во себе вклучува опрема како ESC систем за контрола на стабилноста, EBD-ABS контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање, TPMS контрола на притисок во пневматици, мануелен клима уред, аудио систем со USB конекција и 4 звучници, аудио команди на управувачот и Bluetooth конекција за поврзување со телефон + Audio Streaming.
Потоа следи Reference 1 пакетот на опрема кој има сè од пониското ниво и дополнително FCA систем за избегнување фронтален удар со препознавање на пешаци, темпомат, ограничувач на брзина, аудио систем со 8″ дисплеј осетлив на допир со поддршка за Android Auto и Apple Car Play, предни LED дневни светла, како и предни и задни сензори за помош при паркирање.
Најопремената изведна е Reference 2, а во неа се вклучени автоматска контрола на светла, сензор за дожд, внатрешен ретровизор со електронско замаглување, автоматски клима уред стартување на моторот со копче, предни и задни LED светла.
Повеќе за новиот Kia Rio може да погледнете на официјалната страна или во салоните на Kia Motors Macedonia.