ПРЕМИЕРА: Пристигна новата генерација на Renault Kangoo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Пристигна новата генерација на Renault Kangoo

Renault ја претстави новата генерација на мултинаменскиот моноволумен Kangoo, која ќе започне со продажба наредната година.

Новиот автомобил ќе биде понуден во две различни должини и четири верзии: Kangoo, Kangoo Van, Express и Express Van.

Однадвор добива ново лице со хоризонтални светла, голема решетка со хромирани детали, поголем отвор за вентилација на браникот, поклопец на моторот со облини, нови карактени странични линии и редизајниран заден дел.

Кабината е уредена во модерен стил, сличен на останатите нови модели на брендот, така што добива мултимедијален систем во форма на таблет монтиран пред отворите за вентилација. Воланот е исто така нов, а зад него е сместен традиционален инструмент панел со мал LCD панел помеѓу брзинометрите.

Додадени се повеќе места за складирање, а неговиот капацитет на товарење се движи од 3.3 до 4.9 метри кубни, во зависност од верзијата на неговата каросерија. За полесно маневрирање, тука се дигитален внатрешен ретровизор, помош при влечење на приколка, напреден систем за итно сопирање итн.

Гамата на мотори треба наскоро да биде објавена, но очекуваме да биде понуден со традиционалните бензински и дизел агрегати, усогласени со мануелна или автоматска трансмисија. Во иднина, планирана е и електрична верзија.

Renault ќе ги произведува Kangoo и Kangoo Van во фабриката во Франција, додека Express и Express Van ќе се произведува во Мароко.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.