Porsche 911 Vision Safari – Прототип за рели суперавтомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 Vision Safari – Прототип за рели суперавтомобил

Porsche 911 Vision Safari е функционален прототип, наменет за натпреварување на долги рели патеки.

Прототипот e инспириран од тркачкиот автомобил 991 SC Safari од 1978 година кој доминираше на легенрарното Источноафриканско Сафари Рели, во должина од околу 5,000 километри низ дивините на Кенија.

Со тоа сеќавање, Porsche се обиделе да го рекреираат моделот со користење на нова технологија од 2010те години. Резултатот е 911 Vision Safari, базирано на 991 генерацијата, кое доаѓа со повисока суспензија, засилени лежишта на тркалата, поцврсти браници, додатоци на полумесеците и кабина уредена во рели стил со тркачки седишта и заштитен кафез.

Бидејќи главната цел била да се натпреварува на многу високи температури, инженерите на Porsche додаче вентилатори позади седиштата, кои ќе ги ладат возачот и совозачот.

Иако не било употребено во пустината, 911 Vision Safari било возено на земјената патека во тест фабриката Вајсах, каде Porsche врши прилагодувања на кросоверите Cayenne и Macan. Според изјавите на тест возачите, прототипот бил екстремно забавен за возење.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.