Porsche Le Mans Driving Legend е визија за модерен наследник на 550 Coupe – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Le Mans Driving Legend е визија за модерен наследник на 550 Coupe

Porsche ја откри својата дизајнерска студија базирана на историскиот модел 550 Coupe, која била создадена во 2016 година.

Иако Германскиот бренд тврди дека Le Mans Driving Legend е претходник на моделот 718 Cayman GT4, двете возила изгледаат значително различно. Концептот има помалку агресивен дизајн со поиздолжена и пониска форма.

Исто така, ако се погледне поблиску се забележува дека наместо големиот фиксиран спојлер на GT4, тука е прикриен спојлер со електронско подигнување, а страничните отвори за вентилација се дискретни и асиметрични во делот до страничните прозорци.

За разлика од историскиот 550 Coupe модел, кој беше погонуван од мал четири-цилиндарски боксер агрегат, Le Mans Driving Legend бил замислен да функционира со осум-цилиндарски мотор со неверојатен звук.

Очигледни се и ретро инспирираните елементи – од одвоеното задно ветробранско стакло, до предно поставениот отвор за полнење гориво. Четирите кружни предни светла се исто така потсетник на историскиот модел, додека задните светла се направени во актуелниот дизајнерски јазик на Porsche.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.