Porsche го претстави спорсткиот бескровен концепт, инспириран од историскиот 550-1500 RS Spyder од 1954 година.
Овој концепт во реална големина бил создаден со цел за се доразвие неговиот дизајнерски идентитет, како и да се создаде ултра модерен заштитен кафез, кој изгледа навистина интересно и му дава посебен карактер на автомобилот.
Исто како и моделот од кого ја добива инспирацијата, така и Vision Spyder е со мали димензии. Од напред изгледа значително поразлично од останатите модели од гамата на производителот и има вертикални светлосни групи, агресивен преден браник со големи отвори за воздух за вентилација на сопирачките и две куки за влечење.
Концептот има мало ветробранско стакло за да им даде чувство на патниците дека се возат во Speedster. Уште еден клучен дизајнерски елемент се тркалата со повеќе краци и отворите за вентилација на задните крила, кои ќе овозможат подобро ладење на средно поставениот мотор.
На задниот дел се наоѓа карактеристичната хоризонтална LED светлечка лента, како и масивниот дифузер. Porsche го дизајнирале и ентериерот на Vision Spyder, но тој е во многу минималистички стил со само две тркачки седишта и волан со три краци.
Иако Porsche нема планови да го произведе Vision Spyder, изјавува дека ваквите концепти се клучни за компанијата да создаде безвременски и иновативни дизајни за нивните идни спортски автомобили.