KleinVision AirCar е вистински летечки автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KleinVision AirCar е вистински летечки автомобил

Штефан Клајн создаде летечки автомобил кој навистина функционира при возење на четири тркала и летање околу облаците.

Наречен AirCar, овој модел се трансформира од патничко возило во летечки објект со притискање на копче. Крилата автоматски се позиционираат додека патниците релаксирано седат во кабината.

Во транзицијата од автомобил во авион, задниот дел се издолжува со цел да овозможи оптимални карактеристики за летање. Истовремено, крилата излегуваат од скриени лежишта во каросеријата и се рашируваат во позиција за летање.

Иако возилото изгледа далеку подобро од сите претходни обиди за летечки автомобил, сепак се издвојува од останатите возила во сообраќајот. Секако, можноста за прикривање на крилата под каросеријата е за поздрав, но тешко е да се игнорираат масивниот пропелер и големите перки во задниот дел.

Можеби изгледа како рецепт за успех, но AirCar треба тек сега да се соочи со огромната тешкотија да се сертификува како автомобил и авион. Доколку успее во тоа, летечкиот автомобил сигурно ќе чини многу. Сепак, идејата за вистинско летечко возило останува возбудлива.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.