Audi TT добива ново ниво на опрема наречено S Line Competition Plus – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi TT добива ново ниво на опрема наречено S Line Competition Plus

Германскиот бренд претстави ново ниво на опрема за моделот TT 45 TFSI, кое доаѓа со повеќе изменети елементи.

Нивото е базирано на S Line пакетот за разубавување на екстериерот и доаѓа со изменети браници, решетка, странични отвори за воздух, плочи на патосниците и заден дифузер, а исто така има повеќе елементи обоени во сјајна црна боја, како решетката, страничните прагови, капаците на страничните ретровизори, дифузерот и фиксниот заден спојлер.

Покрај ова, во ова ниво на опрема издувните цевки се во црна боја, а ознаките имаат сличен изглед и даваат појак контраст во споредба со понудените бои. Компактниот спортски автомобил е поставен на 19-инчни фелни, кои се исто така со сјајна црна боја.

Ентериерот е целосно обвиен со црна кожа и алкантара, со контрастни „S“ ознаки на потпирачите за глава на предните спортски седишта и детали во истата боја како каросеријата. Во сериска опрема е вклучен 12.3-инчниот виртуeлен кокпит, а на инструмент панелот има детали од алуминиум и карбон, кои претходно ги имаше само моделот TTS.

Неколку елементи се понудени како опција, вклучувајќи 20-инчни фелни, LED светла и Nappa кожа.

Автомобилот исто така ќе се нуди со S Line спортска суспензија, која го приближува возилото за 10 милиметри кон подлогата. Силата доаѓа од 2.0-литарски TFSI агрегат со четири цилиндри, кој произведува 245 кс и 370 Nm вртежен момент и е усогласен со седум-степена S-Tronic трансмисија.

На почеток, TT S Line Competition Plus ќе се нуди само со преден погон, а quattro изведбите ќе бидат лансирани во првата половина од 2021 година.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.