Сакате да го персонализирате вашиот нов M3 или M4? M-дивизијата на BMW веќе подготви специјални M Performance додатоци.
Достапни се повеќе од 30 различни делови кои можете да ги вградите на вашите возила – а најзабележливиот дел е секако централно-поставениот издувен систем кој може да се добие и кај двата автомобили. Од BMW кажуваат дека овој систем е направен од титаниум – па затоа е и супер-лесен во однос на постоечкиот, стандарден систем.
Секако, можете да добиете и многу други делови – прилагодлива суспензија, многу делови од карбон, подобрени и зајакнати сопирачки, специјални 19, 20 или 21-инчни тркала, карбонски спојлери, аеро додатоци…
Не е заборавена ниту кабината – па можете да нарачате M Performance управувач, карбонски лопатки за менувачот, специјални патосници и декоративни елементи и многу, многу повеќе…