Еден од последните проекти кој ја напушта гаражата на SR Auto Group е овој Mercedes-Benz CLS 63 AMG од постарата генерација.
Автомобилот се одликува со специфична сива мат боја, додека пак предната маска, амблемите и ретровизорите се во сјајна црна боја за да би одговарале со покривот. На предниот браник се додадени LED дневни светла кои изгледаат како да се скроени за него. Преобразбата на каросеријата завршува со предниот аеродинамичен дикретен спојлер направен од јаглеродни влакна.
На крај SR Auto Group го комплетирале проектот со замена на фабричките тркала со сјајни црни PUR 4OUR бандажи обвиени во нископрофилни гуми, па мораме да признаеме дека тој сега изгледа одлично!