По 39 дена пауза – и со воведени строги мерки за одржување на хигиената – погоните на Škoda во Чешка започнуваат со производство на делови и возила.
Во 6 часот утринава, производството на автомобилски делови и автомобили повторно започна во трите чешки фабрики на Škoda. По внимателни консултации со трговската унија KOVO, производството на возила и делови започнува во фабриките во Млада Болеслав, Квасини и Врчлаби. Во трите фабирки се воведени екстензивни мерки за одржување на хигиената и заштита на здравјето на работниците.
Фабриките на Škoda го прекинаа производството на 18ти Март, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Скоро 40 дена по прекинувањето на производството, фабриките се повторно активни.
Мерките за хигиена и безбедност вклучуваат целосно опремување на работниците со маски или соодветни респиратори. Дополнително, Škoda ќе обезбеди доволни количини на дезинфициенски, како и материјали кои ќе ги едуцираат и потсетуваат сите вработени за главните мерки за претпазливост – одржување безбедна дистанца, избегнување на поздравување со раце, редовно миење и дезинфицирање на рацете, итн. На влезот во погоните ќе се мери и температурата на работниците.
Полека но сигурно, автомобилската индустрија повторно започнува со работа – но очигледно е дека сите ќе треба да се навикнеме на нови услови на работа.