Овој викенд се навраќаме на едно спектакуларно видео, снимено во 1962 година на трката во Монако од најпопуларниот Формула 1 шампионат.
Направено во неверојатен квалитет за своите години, видеото јасно ја прикажува атмосферата и случувањата на трките и конструкцијата на патеката пред речиси 60 години. Во видеото се прикажани само кратки 6 минути од целосниот Grand Prix кој бил долг цели 100 кругови. Во него учествувале многу познати тимови, а некои од нив се сè уште популарни – тоа се Ferrari, Porsche и Lotus. Како најбрз од сите учесници се издвојува основачот на брендот McLaren – Брус Мекларен, позади воланот на неговиот болид Cooper.
Навратете се во минатото и уживајте во видеото!