Познатата тјунерска компанија создаде пакет додатоци за најскапиот и најлуксузен кросовер на пазарот.
Воздржаниот дизајн на Rolls Royce Cullinan им била доволна покана на тјунерите од Mansory да го прифатат предизвикот и да го накитат неговиот екстериер со нов поагресивен бодикит. Тој содржи изменет преден браник, нови странични прагови, редизајниран заден браник, кровен спојлер, дискретен мал спојлер на петтата врата, додатоци на полумесечините и отвори за вентилација на предните крила.
Каросеријата на кросоверот е визуелно поделена на два дела. Горниот дел е во мат сива боја, додека од прозорците и поклопецот на моторот па надолу има темно сина мат боја, со тиркизна линија и елементи од црно-сива текстура. Исто така и знакот на моделот е обоен во тиркизна боја, со цел повеќе да се истакнува.
Највпечатливиот дел е ентериерот, во најголем дел покриен со светла тиркизна кожа. Останатите материјали кои се користени за површината на помалите елементи се лакирано темно дрво и полиран метал.