Наредниот Golf GTI ќе има 260 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наредниот Golf GTI ќе има 260 кс

Почнуваат да  се откриваат детали за новиот Volkswagen Golf GTI кој треба да се појави следната година!

Според Autocar, автомобилот ќе биде поставен на MQB платформата и ќе располага со алуминиумски под и покрив. Моделот се очекува да има VAQ преден диференцијал кој користи електронски контролирана Haldex спојка за подобрено управување. Силата најверојатно ќе ја произведува 2.0-литарски бензински мотор кој развива 260 кс, односно 50 коњски сили повеќе од сегашниот модел. Ова би требало да му овозможи на компактот да забрзува од 0-100 за помалку од седум секунди.

Иако досега се шпекулираше моќност од околу 220-230 коњски сили, новата бројка воопшто не изненадува. Сегашниот Golf R може да се пофали со истата бројка од 260 коњски сили, а секако тука е и роднината Seat Leon Cupra R кој ја нуди истата моќност. Претпоставуваме дека Volkswagen го чувствува притисокот од конкуренцијата и дека затоа е донесена одлуката за нудење посилен мотор. Колку за потсетување, новиот Ford Focus ST ќе нуди 250 коњски сили а новата Opel Astra OPC дури 280.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.