Заедно со дебитирањето на иновативниот i4, Баварскиот бренд го претстави и новото лого кое ќе го носат сите идни модели на производителот.
Новата ознака се одликува со дво-димензионален дизајн, кој ја заменува црната со транспарентна рамка. Се очекува првиот сериски модел кој ќе ја носи новата ознака ќе биде сериската изведба на електричниот i4. BMW ја користеше досегашната верзија на логото од 1997 година, но сега одлучи да ја промени поради промената на филозофијата на компанијата.
Според зборовите на Германскиот производител: „Стариот црн прстен е заменет со транспарентен со цел да зрачи поголема отвореност и чистина. Со него брендот BMW сака да привлече уште повеќе купувачи да станат дел од неговиот свет. Истовремено тој ја симболизира посветеноста на брендот кон мобилност и возачко уживање во иднината.“