Eibach – познатата команија за пружини а и официјален спонзор на Audi DTM Racing Team го пренесе своето знаење на Audi S5 Coupe!
Инспирирани од активностите во мотоспортот заедно со Audi, Eibach направи нов тјунинг пакет за S5 Coupe, секако нагласокот е ставен токму на суспензијата и неверојатната управливост!
Оваа верзија на S5 Coupe очекувано нема никакви измени на 3.0 литарскиот V6 мотор со компресор и 329 КС. Но, затоа во поглед на возните својства добива и тоа многу! За тоа да биде така, тука се Eibach B12 Pro-Kit и Anti-Roll-Kit-от. Во поглед на надворешниот изглед, Eibach го “дотера” ова купе со своите налепници, а остава и можност за избор помеѓу три различни дизајни на бандажите.