Регулаторна: Цените на горивата повторно се намалуваат! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата повторно се намалуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите – повторно намалени – цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 2.82%.

Најголемо е намалувањето кај ЕУРОДИЗЕЛОТ, каде цената на еден литар гориво се намалува за 2.00 денари и од вечерва на полноќ еден литар дизел ќе чини 58.00 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.5о денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.00 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.00 денари и еден литар 98-октански бензин од вечерва ќе чини 68.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.