General Motors го враќа Hummer на пазарот – и кажуваат дека ќе биде уникатен електричен пикап со голема батерија и огромен потенцијал.
Пред неколку дена, американскиот гигант имаше прес-конференција на која објави дека една од фабриките во Детроит ќе добие инвестиција од 2.2 милијарди долари и ќе биде трансформирана во напреден погон за производство исклучиво на електрични возила. Првиот модел кој ќе започне да се произведува таму во втората половина на 2021 е електричен пикап.
Познавачите кажуваат дека тоа ќе биде токму GMC Hummer, a GM на некој начин тоа го потврди само ден-два подоцна, кога објави прва најавна фотографија од новиот монструм. Од GM новиот модел го нарекуваат GMC Hummer EV и потврдуваат дека ќе има 1000 коњски сили и ќе забрзува до 100 километри на час за околу 3 секунди. Колку е тоа важно за еден пикап, ќе оставиме самите да одлучите – но ако може, зошто да не?!