Почнувајќи од 1ви Јануари, на територијата на Македонија брендот Hyundai има нов официјален претставник.
Ми-Да Гранд Моторс ја има таа чест да ги информира постоечките како и потенцијалните сопственици на возилата од брендот Hyundai за почетокот на работа на новиот официјален дом на корејскиот бренд во нашата земја. Во рамките на автомобилскиот центар Ми-Да Гранд Моторс на ул. Босна и Херцеговина бр.1 во Скопје, изложени се најновите модели на Hyundai а достапен е и професионален сервис.
Од Mи-Да Гранд Моторс најавуваат дека по повод новиот дом на Hyundai во Македонија, ќе следат многу промоции и изненадувања.
Дополнително, од Ми-Да Гранд Моторс имаат важно известување до сите сопственици на Hyundai возила на кои сè уште им важи гаранцискиот рок – возилата кои се под гаранција мора да се сервисираат во овластен сервис како не би се изгубиле гаранциските привилегии.
Нашите пријатели од Ми-Да Гранд Моторс ги канат сите постоечки и потенцијални купувачи да го посетат новиот салон, каде ќе можат да дознаат повеќе за еден од најквалитетните и најбрзорастечки автомобилски брендови во светот!