ПРЕМИЕРА: Toyota GR Yaris – Рели-инспириран супермини со 260 коњски сили и погон на сите четири тркала! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Toyota GR Yaris – Рели-инспириран супермини со 260 коњски сили и погон на сите четири тркала!

Новиот GR Yaris е развиен во соработка со Tommi Mäkinen Racing и всушност претставува хомологациски автомобил за идните WRC активности на Toyota!

Под предниот поклопец се крие сосем нов 1.6-литарски турбо-бензинец со три цилиндри кој испорачува – верувале или не – дури 261 коњска сила и моќни 360 Nm вртежен момент. Бидејќи GR Yaris тежи само 1280 килограми, тоа значи дека за секоја коњска сила, супер-моќниот хечбек тежи само 4.9 килограми. Резултат на сето тоа? Спринт до 100 километри на час за помалку од 5.5 секунди и електронски ограничена максимална брзина од 230 километри на час.

Инаку, моторот е поврзан со 6-брзински мануелен менувач, кој е специјално развиен да може да издржи висок вртежен момент. GR Yaris добива нов, супер-напреден GR-FOUR систем за погон на сите четири тркала. Системот е едноставен и лесен, а истовремено ја оптимизира испораката на сила кон сите четири тркала. Дистрибуцијата на вртежен момент се прави преку спојка која е оптимизирана за брзи реакции, а како опција можат да се добијат два Torsen диференцијали со ограничено пролизгување.

Системот користи малку различни односи на запчаниците во диференцијалите на предната и задната оска – а тоа пак овозможува целосен пренос на пренос на предните или пак целосен пренос на задните тркала. Ваквиот систем овозможува предност во однос на традиционалните AWD системи со среден диференцијал. Возачот ќе може да избере меѓу 60:40, 50:50 или 30:70 режими за возење.

Инженерите на Toyota и Tommi Mäkinen Racing се фокусирале на усовршување на аеродинамиката, распоредувањето на тежината, како и намалувањето на тежината. Кровот е понизок, а моторот е поставен кон средината на автомобилот, додека акумулаторот е во багажникот. Каросеријата е делумно изработена од карбон-полимери и алуминиум, додека новата платформа овозможува поширок заден траг со напредна, рели-инспирирана суспензија.

Поврзано:  ТЕСТ: Toyota Camry 2.5 Hybrid CVT Luxury - Заборавивме што значи добар седан!

Да, кровот е понизок – и тоа за цели 91 милиметар. Вратите се без рамки, а околу целиот автомобил има рели-инспириран и функционален аеро-бодикит. Крилата кријат 18-инчни тркала обвиени во спортски пневматици.

Производството и испораките кон купувачите ќе започнат до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.