Sony е обично познат по електронска опрема – па премиерата која ја подготвија за овогодинешниот CES е вистинско изненадување – запознајте го Vision S!
Vision S е супер-модерен електричен автомобил (кој од некои агли наликува на Porsche Taycan). Сега за сега, од Sony не потврдуваат дали влегуваат во автомобилската индустрија, но потврдија дека Vision S е начин на кој ќе покажат што можат да понудат во однос на автомобилски технологии. Електричниот автомобил користи супер-напреден систем за автономно возење и е развиен во соработка со Continental, Nvidia, Bosch, ZF и Quallcomm.
Околу (и во) автомобилот има дури 33 сензори кои детектираат сè и сешто околу него – од луѓе и објекти надвор од автомобилот, па и во него. Vision E користи два 200-киловатни електромотори за да може да забрза до 100 километри на час за само 4.8 секунди и да постигне максимални 240 километри на час.
Во кабината доминира големиот панорамски дигитален дисплеј поставен пред возачот, како и двата големи екрани поставени во предните седишта. Главниот збор го има 360 Reality Audio аудио системот кој користи мал милион звучници за да понуди супериорно звучно искуство во кабината.
Погледнете повеќе на фотографиите и видеата.