Нашите пријатели од Peugeot имаат специјална понуда за супер-популарниот 308, кој е достапен во Style ниво на опрема по специјална цена.
„Кога сте зад управувачот на Peugeot 308, допирот со патот претставува задоволство како никогаш порано. Дозволете смелиот и елегантен дизајн да го зајакне Вашиот карактер“ – ова е пораката со која Еуроимпекс ги повикува потенцијалните клиенти да искусат едно незаборавно возење со Peugeot 308.
Истакнатите линии на каросеријата и робустниот дизајн се препознатлив белег на брендот Peugeot. Па така и Peugeot 308 не е исклучок. И надворешно и внатрешно, посветено e внимание на сите детали. Одликувајќи се со префинет профил на предниот браник, хаубата и решетката на ладилникот која е дизајнирана така да го интегрира легендарното лого на Peugeot брендот – Peugeot 308 веднаш привлекува сечие внимание.
Како модел кој е веќе докажан на пазарот и посакуван од купувачите, овој пат е во понуда со PEUGEOT i- Cockpit®, STYLE ниво на опременост и 1.2 L Pure Tech мотор со 110 коњски сили за 15.990€ (или 988.812 мкд).
Тест возења се достапни за закажување на телефон или директно на веб страницата на Peugeot. Можете да направите тест-возење секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, и сабота од 10:00 до 14:00 часот.
За повеќе информации посетете ги во продажните салони во Еуроимпекс или обратете се до нивната овластена дилерска мрежа. Секако, можете да го погледнете и нашиот тест на Peugeot 308.
Извор: PR Peugeot