Porsche 911 Club Coupe – За верните фанови на Porsche! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 911 Club Coupe – За верните фанови на Porsche!

Со секоја генерација на 911, Porsche нуди и изведба која е наменета за членовите на Porsche клубовите – а оваа година во чест на 60-годишнината од првиот клуб, ќе се нуди 911 Club Coupe!

Ќе бидат изработени само 13 примероци од овој автомобил и ќе им бидат понудени ексклузивно на членовите на клубовите, но еден примерот ќе остане во сопствеништво на Porsche. Бојата во која се офарбани е класичната “Brewester Green”, а носи и специјални 20-инчни тркала и има уникатен спојлер на задниот дел.

Под поклопецот на моторот се крие моторот кој веќе го знаеме од Carrera S, но сега е опремен со дополнителен Powerkit кој ослободува уште дополнителни 30 коњски сили па вкупната моќност сега изнесува 424 коњски сили. Силата се пренесува на задните тркала преку PDK менувачот со двојна спојка, а автомобилот забрзува до 100 километри на час за 4 секунди.

Цената? Ако веќе морате да прашате, во Германија е 142.000 евра!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.