Citroën има концепт наменет за младите кампери – кој се вика SpaceTourer The Citroënist – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën има концепт наменет за младите кампери – кој се вика SpaceTourer The Citroënist

Францускиот концепт со несекојдневно име ќе дебитира денес на саемот за возила за одмор кој се одржува во Франција.

Концептот има интересна задача – а таа е да ги покаже можностите и креативноста на Citroën кога стаунува збор за креирање на возило наменето за оние кои имаат навистина активен животен стил.

Креативноста започнува со надворешноста – долната половина на SpaceTourer The Citroënist е во бела боја, додека горниот дел е во интересна шара од црна и бела боја, додека линија во црвена боја ги двои двете половини. Слична комбинација на бои продолжува и во кабината, каде се користени сиви, црни и црвени материјали. Во кабината има место за двајца, а кров кој се издига го зголемува просторот за главите.

Познавачите на францускиот бренд ќе ги препознаат супер-комфорните седишта – кои навистина се меѓу најкомфорните во автомобилската индустрија. Ние имавме можност да ги пробаме кога пред неколку месеци се запознавме со новиот Citroën C5 Aircross.  Интересен е и просторот за мултимедија кој нуди работна површина и телевизор, а во возилото има и посебен простор за складирање велосипед.

За придвижување на SpaceTourer The Citroënist е задолжен 2-литарски BlueHDI турбодизел кој испорачува 150 коњски сили кон сите четири тркала преку мануелен менувач. Сега за сега од Citroën не даваат никакви информации дали SpaceTourer The Citroënist би се нашол во сериско производство – но со оглед на популарноста на ваквите возила, воопшто не би биле изненадени доколку тоа се случи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.