Во рамките на Европската Седмица на Мобилност, здружението за промовирање на електрични возила – Електромобилност Скопје – го организираше настанот Електромобилност 2.0.
Во рамките на овој настан беа изложени поголем број на хибридни автомобили и електрични возила од повеќе рангови (автомобили, мали возила,
тротинети, велосипеди, конвертирани возила, возила за оддржување на хигиена по улиците) како и полначи за електрични возила.
Овој дел на настанот имаше едукативен и изложбен карактер, каде ученици од основните и средни улилишта имаа можност да ги погледнат ваквите возила, да научат нешто повеќе за нив – и секако, да научат повеќе за придобивките употребата на ваквите возила во борбата за зачувување на животната средина и против загадувањето на воздухот и климатските промени.
На настанот учествуваа ЕВН Македонија, Македонски Телеком, Тојота Авто Центар, ПроКредит Банка, Фибернет-МК, Хамачи, BB Classic Cars, ГЕТ-Велосипед, Брако, Џакомо Пица, ЈП ПОЦ, ЈП Паркинзи на Град Скопје, Градот Скопје и ФЕИТ.
Дел од настанот беше и панел дискусија, каде претставници од локалните власти, но и претставници од МАНУ и автомобилските медиуми дискутираа за досега завршените проекти, идните планови и можностите и напорите за унапредување на користењето на електричните возила во Македонија.
Го поздравуваме настанот – бидејќи токму ваквите настани, каде младата популација има шанса одблиску да ги погледнете возилата и технологиите, и да научи нешто повеќе за нив се начинот на кој на идните купувачи и идните донесувачи на одлуки ќе ги имаат вистинските информации.