Во салонот на Audi пристигна новиот Q3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Audi пристигна новиот Q3

Во салонот на Audi во Скопје пристигна новата генерација на супер-популарниот SUV на Audi – новиот Q3.

Новиот Q3 се препознава преку остриот, аглест дизајн со кој Audi сака да го направи Q3 попривлечен за помладите купувачи. Сепак, веднаш се забележува дека ова е наследник на добро-познатата и успешна прва генерација – формата и силуетата е слична, но новиот автомобил е подолг, поширок и понизок, а со тоа го истакнува динамичниот карактер.

Audi Q3 сега има помодерна, хај-тек кабина и може да се добијат сите технологии кои германскиот бренд ги нуди. Кабината има повеќе простор – како за возачот и совозачот, така и на задната клупа и во багажникот.  Q3 ги добива и сите нови безбедносни технологии на Audi – адаптивен темпомат кој самиот може да ја следи коловозната лента, Traffic Jam Assist за автономно движење во „тргни-застани“ сообраќај, автоматско паркирање, Audi Pre-Sense технологиите и уште многу, многу повеќе.

Понудата започнува со 1.5-литарскиот TSI турбо-бензинец кој нуди 150 коњски сили и 250 Nm вртежен момент. Скалило погоре е Q3 40 TFSI кој користи 2-литарски TFSI турбо-бензинец со 190 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Најмоќниот Q3 кој во моментов се нуди е Q3 45 TFSI, кој исто така користи 2-литарски TFSI турбо-бензинец навиен на 230 коњски сили и 350 NM вртежен момент. Во оваа комбинација „стотка“ пристигнува за 6.5 секунди а максималната брзина е 233 километри на час.

Гамата на дизел мотори ја сочинуваат Q3 35 TDI кој користи 2-литарски TDI турбодизел со 150 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Над „основниот“ дизел е и Q3 40 TDI, кој го користи истиот 2-литарски турбодизел, но со моќност од 190 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. 100 километри на час пристигнуваат за рамно 8 секунди, додека максималната брзина е 221 километар на час.

Поврзано:  Audi тестира во Македонија, дали го уловивме новиот RS 5?

За повеќе информации, посетете го салонот на Audi во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.