Плаг-ин хибридните изведби на KIA XCeed и караванската изведба на Ceed ќе можат да поминат до 60 километри на електрична енергија.
Електрифицираните изведби на KIA XCeed и Ceed SW користат комбинација од 1.6-литарски четири цилиндерски бензинец и електромотор со моќност од 60 коњски сили. Вкупната системска моќност е 141 коњска сила и 265 Nm вртежен момент. Силата се пренессува кон предните тркала преку 6-брзински автоматски менувач со двојна спојка.
Благодарение на батеријата со капацитет од 8.9 kWh, обете верзии ќе можат да поминат до 60 километри на електрична енергија. Визуелни разлики меѓу обичните и PHEV моделите нема премногу – конекцијата за полнење е во крило на возачката страна, а ќе препознаете и дискретно редизајнирана маска на ладилникот. Кабината може да добие 10.25-инчен мултимедијален дисплеј кој ќе покажува и локации за полнење на батеријата, а ќе можете да нарачате и 12.3-инчен дигитален инструмент панел.
Плаг-ин хибридните KIA XCeed и Ceed SW ќе се произведуваат во фабриката на KIA во Словачка и ќе се нудат исклучиво на европскиот пазар. Продажбата ќе започне на почетокот на следната година.