Не, вашиот екран не е расипан – ова е новиот BMW X6 обвиен во специјална Vantablack VBx2 боја – и ова е најцрната боја на светот.
Vantablack VBx2 бојата успева да апсорбира 99% проценти од видливата светлина, и тоа ја прави најцрната црна боја на светот. Баварскиот бренд во соработка со Surrey Nano Systems (компанијата која ја прави Vantablack бојата) и креативната агенција Levitation 29 го направија најцрниот BMW X6 на планетата. Идејата била да добие целосно нов пристап кон криење на нов модел од очите на јавноста – односно наместо да се камуфлира моделот, да се обвие во боја која ќе ги крие сите дизајнерски детали.
И – очигледно – успеале во тоа. Барем на фотографиите кои BMW ги објави, скоро е невозможно да се препознае било кој детал од големиот SUV. Сепак, BMW веќе ги објави деталите околу новиот X6 и веќе знаеме како ќе изгледа. Но мораме да признаеме – несекојдневен експеримент, нели?