Екстремната Pagani Huayra Roadster BC напаѓа со аеро-бодикит и 6-литарски V12 со 802 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Екстремната Pagani Huayra Roadster BC напаѓа со аеро-бодикит и 6-литарски V12 со 802 коњски сили!

6-литарскиот твин-турбо V12 испорачува 802 коњски сили и 1050 Nm вртежен момент – и на 1250 килограми тешкиот роудстер му овозможува надреални перформанси.

Pagani ја претстави екстремната Huayra Roadster BC – отворената верзија на Huayra BC. Оваа верзија ќе биде ограничена на само 40 примероци и – погодувате – сите се веќе распродадени. Инаку, Huayra Roadster BC ја добива најновата верзија на шасијата која Pagani ја разви за Huayra, која е полесна и поцврста од верзијата која се нудеше досега. Роудстерот тежи само 1250 килограми.

Моќниот 6-литарски твин-турбо V12 кој е развиен од Mercedes-AMG специјално за потребите на Pagani испорачува 802 коњски сили и 1050 Nm вртежен момент. Од Pagani нема официјални податоци за перформансите – но можеме да претпоставиме дека се спектакуларни.

Инаку, надворешноста е скоро целосно нова и аеро компонентите овозможуваат 500 килограми потисна сила при 280 километри на час. Новиот автомобил добива поголем преден сплитер и мали странични крилца, редизајниран заден дел со огромен спојлер, како и голем заден дифузер. Особено интересно изгледа завршетокот на издувниот систем кој има шест цевки – четири на средината и две во самиот дифузер.

Цена? Не е важна цената, автомобилот е веќе распродаден.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.