Mercedes ја претстави најсилната изведба од втората генерација на компактниот караван, кој ќе ви помогне да пренесете голем багаж за малку време.
Во стандардно издание под поклопецот се наоѓа 2.0-литарски четири-цилиндарски агрегат кој произведува 382 кс и 480 Nm вртежен момент. Тој е усогласен со осум-степена трансмисија со двојна спојка и сериски систем за погон на сите четири тркала. Оваа конфигурација му овозможува на автомобилот да забрза од 0-100 км/ч за само 4.1 секунди, пред да ја достигне максималната брзина од 250 км/ч.
Купувачите кои сакаат нешто уште помоќно можат да ја нарачаат S варијантата која доаѓа со истиот мотор засилен на 415 кс и 500 Nm вртежен момент. Благодарение на поголемата сила, спринтот до 100 км/ч е намален на точно 4 секунди, додека максималната брзина е зголемена на 270 км/ч.
Што се однесува до изгледот, моделот дизајниран од Славче Таневски е агресивно рестилизиран по примерот на A45 и CLA 45. Како резултат на тоа, доаѓа со Panamericana предна решетка која го издвојува од постандардната A35 Shooting Brake изведба. Покрај тоа, моделот е опремен со поагресивен преден браник со интегриран сплитер, заден браник со отвори за вентилација, спортски дифузер и издувен систем со четири издувни цевки со дијаметар од 90 милиметри.
Кабината е опремена со спортски седишта од микрофибер и еко кожа, со контрастни црвени шевови. Двобојната тема исто така продолжува и со црвените појаси, елементите обоени во сјајна црна боја и хромираните отвори за вентилација со црвени детали. Кај S варијантата сите црвени детали се заменети со жолти.
Новиот CLA 45 Shooting Brake доаѓа сериски опремен со MBUX мултимедијален систем кој добива специјални AMG дисплеи, дигитална инструмент табла и технологија за препознавање на гласовни команди.