Македонскиот импортер на возилата на KIA ја договори соработката со Sparkasse Leasing и ги објави условите за финансирање на нов KIA автомобил.
Од KIA Моторс Македонија кажуваат дека условите за набавка на нов KIA автомобил преку оваа соработка се минимално учество од 20% и каматна стапка од 4.5%. Периодот на отплата е 84 рати, и кажуваат дека сега повеќе од било кога купувачите ќе можат да ја исполнат својата желба за нова KIA. Промотивната акција започнува сега, а е најавено дека ќе трае до Септември оваа година.
Од KIA Моторс Македонија кажуваат дека секогаш целеле кон креирање реални можности и флексибилни решенија за своите клиенти – сето тоа со цел да постават и одржат долгорочни врски, а секако тука свој удел има и 7-годишната гаранција на KIA автомобилите.
Затоа – посетете ги салоните на KIA Моторс Македонија, или пак посетете ја нивната веб страница за повеќе информации
Извор: PR KIA