Поглед кон иднината на Bentley со електричниот EXP 100 GT Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Поглед кон иднината на Bentley со електричниот EXP 100 GT Concept

Британскиот производител го претстави концептот наречен EXP 100 GT, кој е целосно електричен и луксузен крстосувач дизајниран да ја покаже како ќе изгледаат моделите на брендот во 2035 година.

Новиот EXP 100 GT исто така ја одбележува 100 годишнината на компанијата и располага со целосно електричен погон со четири електрични мотори, систем за векторска распределба на вртежниот момент и комбинирана сила од 1,340 кс и 1,491 Nm вртежен момент. Според Bentley, моделот може да забрза од 0-100 км/ч за помалку од 2.5 секунди и да постигне максимална брзина од 300 км/ч.

Бидејќи во иднина се очекува технологијата на батериите има пет пати подобри перформанси од сега, EXP 100 GT би бил способен да наполни 80 проценти од нивниот капацитет за само 15 минути, а опсегот на возење e планиран да достигне 700 км со едно полнење.

Дизајнерската студија се протега во должина од 5.8 метри и ширина од речиси 2.4 метри, додека тежината на возилото е задржана на 1,900 килограми, што е навистина импресивно за возило со овие димензии.

Најзначајниот напредок кај Bentley EXP 100 GT е персоналниот асистент со вештачка интелигенција кој ќе ги задоволи сите желби на патникот и максимално ќе ја зголеми неговата комоција според знаењето за неговиот сопственик, вклучувајќи прилагодување на површината на седиштетот за да нуди подобра поддршка во возење.

Во кабината се вградени и системи за следење на движењата на очите и главата, како и крвниот притисок, што ни дава до знаење во која насока се движи иднината на луксузните возила. Ентериерот доаѓа со три различни конфигурации на седење, во зависност од тоа дали е активирано автономното возење.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.