Од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат – и тоа за денар, односно денар и половина.
Во согласност со новата методологија за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.44%.
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.50 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.50 денари.
Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по 1 денар. Тоа значи дека еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.50 денари, додека еден литар дизел ќе чини 61.50 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.