Audi подготви темелно освежување за големиот Q7 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi подготви темелно освежување за големиот Q7

Големиот SUV на Audi е на пазарот веќе неколку години – па германскиот премиум производител подготви прилично темелно освежување за својот SUV.

Освежувањата започнуваат со екстериерот – на предниот дел препознаваме нови предни светла со изменета форма, редизајнирана маска на ладилинкот, како и нови, понагласени отвори за воздух. Купувачите ќе можат да нарачаат HD Matrix LED предни светлосни групи, кои воедно користат и ласерска технологија за осветлување. Задниот дел добива редизајнира задни светла кои се споени со хромирана лента, и кои всушност го ставаат големиот Q7 „во линија“ со останатите модели на Audi.

Но измените не се само визуелни – напротив, многу поважни измени има „под кожата.“ Големиот Q7 сега ќе може да се нарача со активна анти-рол стабилизација – а тоа ќе резултира со зголемен комфор, како и намалено навалување во свиоци. Понатаму, ќе може да се нарача систем за управување на тркалата на задната оска, кои ќе можат да се завртат до 5 степени, а секако тука е и адаптивната воздушна суспензија. Сето ова резултира со повисоки нивоа на комфор од една страна, и подобрена управливост од друга страна.

Измени има и во кабината – Q7 сега користи два дигитални дисплеи на централната конзола, како и дигитален панел со инструменти пред возачот. Дигиталните инструменти се дел од стандардната опрема, додека како опција ќе може да се нарача хед-ап дисплеј.

Од Audi најавуваат дека наскоро во понудата ќе биде додаден и плаг-ин хибриден модел. Сега за сега – во зависност од пазарот, секако – големиот Q7 може да се нарача со 3-литарски TDI кој нуди 230 или 285 коњски сили, како и 3-литарски бензинец кој испорачува 335 коњски сили. Сите верзии доаѓаат со 8-брзински Tiptronic автоматски менувач, quattro погон на сите четири тркала и 48-волтен електричен систем.

Поврзано:  Audi лансира нов бренд кој се вика... AUDI?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.