ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz официјално го претстави новиот GLB – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz официјално го претстави новиот GLB

Новиот SUV на Mercedes-Benz ќе биде поставен меѓу GLA и GLC, и ќе може да се добие со пет или седум седишта.

Ајде веднаш да зборуваме за дизајнот – во нашите очи, новиот GLB изгледа навистина интересно. Земете го легендарниот G-Wagen, малку заоблете ги рабовите и модернизирајте го дизајнот – и го добивате GLB. Признаваме дека GLB носи интересна робустност во сегментот, и во моментов е еден од најпривлечните SUV модели на Mercedes-Benz.

Инаку, GLB има меѓуоскино растојание од 2829 милиметри – односно 10 сантиметри повеќе од новата B-Class. Тоа ветува многу простор во кабината, и токму затоа Mercedes-Benz одлучи да го понуди GLB со пет или седум седишта. Сепак, Mercedes-Benz одлучи да го стави GLB со „глобалното семејство на компактни автомобили.“

Кабината на GLB стандардно ќе доаѓа со врвната изведба на MBUX инфозабавниот систем на германскиот бренд. Тоа значи дека ќе добие два големи екрани – еден пред возачот, еден на централната конзола и сите нови технологии кои германскиот бренд ги нуди. Всушност, GLB ги добива сите напредни системи за асистенција кои се нудат кај знаменосецот на Mercedes-Benz – големата S-Class.

Сите изведби на GLC добиваат автоматски менувач (основната верзија добива 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка, а сите други изведби добиваат 8 степени на пренос), и ќе може да се нарача и 4Matic систем за погон на сите четири тркала. На европските купувачи им се достапни два бензинци – GLB 200 и GLB 250 4Matic кои нудат 163 односно 224 коњски сили, како и два турбодизели – GLB 200d со погон на предните или погон на сите четири тркала и 150 коњски сили, како и GLB 220d 4Matic со 190 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.

Поврзано:  Mercedes-Benz CLE Cabriolet пристигна во салонот на Мак Аутостар


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.